Нејмар повеќе не е „персона нон грата“ во Барса

Враќањето на Нејмар во Барселона повеќе не е невозможна мисија. Од таборот на шпанскиот првак истакнаа дека доколку Бразилецот посака да се врати во Барса, тие нема да му ја затворат вратата. Напротив, ако каталонскиот гигант се одлучи да троши огромни средства за квалитетно засилување, ќе се обидат да го вратат Нејмар на „Камп ноу“.

Спортскиот директор Пеп Сегура, во последните неколку дена даде две изјави за шпанските медиуми околу евентуалното враќање на ѕвездата на ПСЖ во редовите на Барса: Иако тој претходно го навреди нашиот клуб, верувам дека би направиле се што е во наша моќ да го вратиме назад, секако, доколку се одлучиме за овој потег“.

Страстите уште повеќе се разгореа откако Нејмар по мечот против Уругвај, не даде одговор кога го прашаа за неговото мислење на оваа тема, тој само се насмевна, што уште повеќе ги продлабочи шпекулациите.

Од друга страна, Нејмар и натаму е опсесија на Флорентино Перез. Претседателот на Реал Мадрид со сите сили ќе се обиде да го направи Бразилецот новиот „галактико“ и да ја пополни дупката која ја остави Кристијано Роналдо по заминувањето во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести