Нејмар со магичен потег му донесе победа на Сантос, овој гол има посебно значење за Бразилецот (Видео)

Фудбалерите на Сантос се радуваа во големото бразилско дерби откако минимално со 1:0 го победија Фламенго во меч од 14-тото коло на Серија А. Сантос сезонава игра слабо и се наоѓа во долниот дел од табелата, но кога беше најпотребно, во дуелот против големиот ривал, успеаја да победат, и тоа благодарение на Нејмар.

Моментот за одлука се случи во 85-тата минута, кога Нејмар доби една топка во противничкиот шеснаесетник и иако беше опколен со неколку ривали, успеа да се снајде и да го најде патот на топката до мрежата.

Овој гол има и посебно значење за Нејмар. Освен победа над големиот ривал, Нејмар сега стигна до бројката од 700 гола во кариерата во кои бил директен учесник. Бразилецот вкупно има одиграно 732 натпревари, а сега има постигнато 443 гола, а има и 257 асистенции, што значи дека директно учествувал во постигнувањето на 700 погодоци. Секако дека ова е бројка за почит.

 

- Оглас -

Најнови вести