Нејмар трет меч носи победа, овојпат го постигна најлесниот гол во кариера (Видео)

Пари Сен Жермен се намачи, но на крајот стигна до три бода на гостувањето кај Бордо. Откако кај Светците се врати Нејмар, токму Бразилецот е главен на теренот. Нејмар го даде единствениот гол, доволен за три бода на гостувањето кај Бордо.

Бразилецот беше прецизен во 70 минута, кога го постигна еден од најлесните голови во кариерата. Нејмар е најзаслужен за трите последни победи на ПСЖ. Тој го даде единствениот гол во 92 минута за победа над Стразбур, а тој беше стрелец и на погодокот вреден три бода против Лион.

Едноставно во ПСЖ многу добро знаеја зошто не сакаа да го продадат Нејмар, иако самиот играч сакаше да си замине во Барселона.

https://youtu.be/0rtEm8XPb_4

 

- Оглас -

Најнови вести