Нејмар веќе заработи 150 милиони евра, а одигра само пет натпревари за Ал-Хилал

Вистинска сензација беше трансферот на Нејмар од ПСЖ во Ал-Хилал минатото лето, кога клубот од Саудиска Арабија за неговите услуги плати 90 милиони евра, а Бразилецот потпиша двегодишен договор вреден 300 милиони евра.

Сепак, Нејмар одигра само пет натпревари и се повреди, па веќе една година е надвор од фудбалските терени, а Ал-Хилал редовно му ја исплаќа платата, што би значело дека Бразилецот веќе инкасира 150 милиони евра, односно речиси по три милиони евра неделно.

Тој има уште една година од договорот и требаше да биде вистинска ѕвезда во Саудиска Арабија, но сè уште нема никакви најави дали и кога би се вратил на фудбалските терени и колку-толку да ги оправда вложените пари во неговиот трансфер.

- Оглас -

Најнови вести