Нејмар влезе на поширокиот список на Карло Анчелоти за настап на СП 2026

Карло Анчелоти објави поширок список од 55 фудбалери кои би можеле да настапат за Бразил на Светското првенство 2026.

Меѓу нив се најде и Нејмар, фудбалерот на Сантос, чие присуство на списокот е големо изненадување, бидејќи дел од бразилските медиуми тврдеа дека нема да биде повикан.

Сепак, шансите тој да отпадне од конечниот список и понатаму се големи.

На списокот на Анчелоти се најдоа следните имиња:

голмани:
Алисон Бекер (Ливерпул)
Едерсон (Фенербахче)
Бенто (Ал Наср)
Уго Соуза (Коринтијанс)
Жон (Нотингем Форест)
Карлос Мигел (Палмеирас)

одбрана:
Маркињос (Пари Сен Жермен)
Тијаго Силва (Порто)
Габриел Магалјаеш (Арсенал)
Бремер (Јувентус)
Лео Переира (Фламенго)
Ибањез (Ал Ахли)
Александро (Лил)
Фабрисио Бруно (Крузеиро)
Бералдо (Пари Сен Жермен)
Витор Реис (Џирона)

среден ред:
Каземиро (Манчестер Јунајтед)
Бруно Гимараеш (Њукасл Јунајтед)
Фабињо (Ал Итихад)
Андреј Сантос (Челси)
Жоао Гомеш (Вулверхемптон)

напад:
Винисиус јуниор (Реал Мадрид)
Рафиња (Барселона)
Матеус Куња (Манчестер Јунајтед)
Габриел Мартинели (Арсенал)
Жоао Педро (Челси)
Ендрик (Лион)
Антони (Реал Бетис)
Ришарлисон (Тотенхем)
Кајо Жорже (Крузеиро)

- Оглас -

Најнови вести