Фудбалерите на Барселона откако ја одбранија титулата во Шпанија, вечерва го прославуваат триумфот со масовна парада низ улиците на градот. Прославата започна во 18 часот, а шампионите на Ла Лига ја примаат поддршката од навивачите на отворен автобус.
Патешествието тргна од стадионот „Спотифај Камп ноу“.

Уште низ првите улици беше забележливо дека Роберт Левандовски и Воjќех Шченсни се искачија директно на горниот дел од автобусот.
Радосните навивачи на клубот се потсмеваа и со тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, скандирајќи „Арбелоа, остани“. Дел од нив носеа и конуси, кои се поврзуваат со неговиот прекар.
На прославата присутен е и тренерот Ханси Флик, кој вчера имаше семејна загуба.
Организирани се музички и забавни зони, мобилни телевизиски студија и силна безбедносна операција координирана со полицијата, медицинските служби и службите за чистење.

