Мурињо има два важни услови за да го преземе кормилото на Реал Мадрид

Португалецот Жозе Мурињо е главен кандидат за тренер на Реал Мадрид, пишува „АС“ во текст со наслов „Мурињо има две барања за да стане тренер на Реал“.

Во Мадрид расте убедувањето дека португалскиот стратег е идеалната личност за враќање на клубот на посакуваниот пат откако тимот во меѓувреме го водеа Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа.

Веќе е воспоставен прв контакт меѓу агентот на Мурињо, Жорж Мендеш, и Реал Мадрид. Преговорите нема да продолжат додека двата клуба не ги завршат своите првенства.

Бенфика се бори за пласман во Лигата на шампионите, а Мурињо сака да остане фокусиран на сегашниот проект. Сезоната ја завршува за една недела, по што ќе донесе одлука за својата иднина. Според извори, директен контакт меѓу него и Реал сè уште немало, а тоа ќе биде последната фаза од процесот.

Исто така, Мурињо веќе има понуда од Бенфика за продолжување на договорот.

Португалецот е задоволен во Бенфика, но повик од Мадрид би променил сè. Според „АС“, тој поставил две главни барања.

Првото е поголемо влијание врз трансферите, не конкретни имиња, туку позиции кои треба да се засилат. Во неговиот прв мандат во Реал (2010–2013) клубот по негова желба донесе играчи како Лука Модриќ, Сами Кедира и Месут Озил.

Второто барање се однесува на јасната клупска структура и хиерархија, со цел да се избегнат внатрешни проблеми и недоразбирања меѓу одделите и играчите.

Реал Мадрид би имал десет дена да го обезбеди неговото доаѓање со ниски трошоци. Во договорот на Мурињо со Бенфика постои клаузула според која може да замине за три милиони евра, но само во рок од десет дена по последниот натпревар од сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести