Нека му ја мислат Елмас и Наполи – „Камп ноу“ ќе биде преполн за реваншот од ЛШ

Шпанскиот министер за здравство, Салвадор Илја, потврди дека дуелот меѓу Барселона и Наполи ќе се игра со публика на „Камп ноу“. Според првиот човек на здравството во Шпанија, за овој меч не постои ризик од ширење на Коронавирусот кој владее во делови од Европа.

Најголема опасност од ширење на Коронавирусот е во Италија, каде што Владата донесе одлука сите мечеви до 3 април да се играат зад затворени врати, односно без публика. Во Шпанија ситуацијата е помалку ризична и без разлика што на Барселона ќе ѝ гостува тим од Италија, мечот ќе се игра со публика.

„Овој меч не е ризичен и не постои причина зошто да се игра без публика. Решивме да ги затвориме вратите на стадионите на кои ќе играат екипи кои доаѓаат од ризичните подрачја, а во овој случај тоа не е така. Мечот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи може да се игра регуларно затоа што Наполи доаѓа од област во Италија каде што не е проширен Коронавирусот“, објасни министерот за здравство на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести