Нека се множат, прв гол на Илија Несторовски како играч на Удинезе

Илија Несторовски го постигна својот прв гол како член на Удинезе. Тој на денешната пријателска средба против локалниот клуб Кјарлинс Муцане, даде убав гол со шут со лева нога од 15-тина метри и топката ја испрати ниско по земја во левиот агол.

Тоа беше погодок во 10 минута за водство на Удинезе од 1-0, а по првото полувреме, прволигашот води со 2-0, откако во листата на стрелци се запиша и Полјакот Теодорчик, кој му асистираше на Нестор при првиот погодок. Со овој гол, Несторовски си ги зголемува шансите да се наметне кај тренерот Игор Тудор, и да се најде во почетниот состав на дуелот со Милан во првото коло од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести