Нека се пази Сити: Лаказет е гладен за голови, Топчиите се распукаа (видео)

Премеирлигашите полека влегуваат во натпреварувачки ритам во пресрет на рестартот на сезоната кој е закажан за 17 јуни, а веќе се играат контролни натпревари преку кои екипите треба да ја повратат формата. Арсенал денес на „Емирати“ играше против нисколигашот Чарлтон и славеше со 6-0, а голот на Лаказет со кој се најави голедата вреди да се погледне.

Французинот со полуволеј од околу 20 метри го смрзна противничкиот голман, во листата стрелци се запиша и Обамејанг пред Нкетеја да забележи хет-трик, додека конечните 6-0 ги постави младиот Вилок.

Со победата избраниците на Микел Артета најавија дека на 17 јуни на „Етихад“ ќе гледаме интересно дерби во кое Топчиите ќе се сретнат со актуелниот англиски првак Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести