Некогаш беше најголема фудбалска ѕвезда во Италија, сега се мачи со Фиат Панда

Легендарниот италијански голгетер Роберто Баџо покажа дека не сите фудбалски ѕвезди сакаат да продолжат со гламурот и раскошниот живот. Валентина која е ќерка на еден од најдобрите напаѓачи на Аѕурите, објави фотографија на која Роберто работи покрај својата Фиат Панда, која е целата извалкана со кал.

Баџо беше еден од најпопуларните играчи во светот пред околу 25 години. Играше за Јувентус, Милан и Интер, а ја освои и Златната топка. Сепак, откако ја заврши кариерата, реши да се повлече од јавниот живот и да води вообичаен работнички живот.

Тој ќе биде запамтен како човекот кој го промаши последниот пенал за Италија по кој Аѕурите го загубија финалето од Бразил на Светското првенство во САД 1994 година. Баџо сега има 53 години.

 

- Оглас -

Најнови вести