Некогаш заработуваше богатство, а сега има просечна плата во Англија

Енди Керол своевремено беше еден од најголемите англиски таленти, но тој потенцијал не го исполни во целост.

Пред една декада, тој потпиша во Ливерпул за 42 милиони евра, и тоа во истиот преоден рок кога пристигна и Луис Суарес од Ајакс за 25 милиони.

Но, кариерите на овие двајца играчи отидоа во спротивен правец, Суарес освои сè што можеше да се освои, додека Керол по настапите во Вест хем и Њукасл, сега обезбеди привремен договор со Ридинг од Чемпионшип лигата.

Англичанецот сега има примања од 1.000 фунти на неделно ниво, а кога ќе се земат предвид даноците, таа се сведува на околу 3.000 фунти на месечно ниво, колку што е и просечната плата на Островот.

Само за споредба, во Ливерпул Керол имаше плата од 70 илјади фунти неделно, во Вест хем, пак, таа надмина и над 100 илјади во период од седум дена, додека во Њукасл исто така беше одлична и изнесуваше над 60 илјади.

- Оглас -

Најнови вести