Некогашен цимер на Роналдо тврди: Кристијано не го интересираа девојки!

Белорусинот Витали Кутузов кој во 2002 година го носеше дресот на Спортинг Лисабон, и му беше соиграч на тогаш младинецот Кристијано Роналдо, тврди дека Португалецот кој тогаш имал 17 години, не зборувал за девојки, бидејќи го интересирале други работи.

Кутузов беше стрелец на гол за Спортинг на мечот на 7 октомври 2002 кога Роналдо против Мореиренсе го постигна својот дебитантски погодок во кариерата, а во таа сезона често биле и во иста соба со јуниорот кој подоцна се претвори во машина за голови и засега ги има 600.

„Тој беше опседнат со својот физички изглед и решен да изгледа како што замислил, долго се гледаше пред огледало, а јас не верував дека тој ќе стане толку силен. Беше многу амбициозен, но кој можеше да претпостави тогаш дека ќе стане тоа што е денеска. На тој меч со Мореиренсе јас го дадов првиот гол, а потоа Кристијано даде два и победивме 3-0. Ги памтам неговите емоции, не знаеше што да направи од среќа. Знаеше дека сум играл за Милан, па ме прашуваше за Шевченко, Костакурта, Инѕаги и Малдини, и што правеле тие за да стигнат на врвот“ – се присетува Кутузов.

Кутузов кажа и дека Роналдо кога имал 17 години, не се распрашувал за белоруските девојки, жените не му биле интересни, туку зборувал за фудбал и само за фудбал.

- Оглас -

Најнови вести