9.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Некогашниот светски првак тврди: Барселона нема шанси да ја освои Лигата на шампионите со оваа одбрана

Барселона секогаш е меѓу фаворитите за освојување на трофејот во Лигата на шампионите, но според некогашниот светски првак со Франција, Емануел Пети, тоа нема да се случи. Каталонскиот гигант минатата сезона стигна до полуфиналето кога во драматичен двомеч загуби од Интер.

„Барселона може да се бори за титулата во домашното првенство, но не и во Лигата на шампионите. Зарем некој верува дека може да ја освојат титулата со таа дефанзивна линија која ја имаат? Невозможно. Тоа го видовме и против Интер минатата сезона. Како може да си дозволиш да примиш седум гола во полуфиналето од Лигата на шампионите?“, вели Пети.

Французинот додава дека Барселона многу се „коцка“.

„Тие се како казино. Вложија се во Јамал. Имаат многу квалитетни играчи, но ниту еден не е од светска класа како тоа што беше во времето на Лео Меси. Јамал не може сам да ја освои Лигата на шампионите. Со целата моја почит кон Меси, но тие немаше да ја освојат Лигата на шампионите ако во тимот ги немаа Андрес Иниеста, Чави Ернандес, Карлес Пужол. Сега сè зависи од Јамал“, анализира некогашниот француски репрезентативец кој може да се пофали со освојување на титулата на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести