Некои сметаа дека и втората ждрепка беше неправедна, но УЕФА објасни зошто Ливерпул не можеше да игра со Вилјареал

Ждрепката во Лигата на шампионите направи хаос вчера во Нион, па следуваа реакции од многу клубови за повтореното извелкување на паровите во осминафиналето на елитното натпреварување на УЕФА.

Од Реал Мадрид сакаа нивниот пар да не се менува бидејќи тие ја добија Бенфика за противник уште пред да се случи грешката во првиот случај. Сепак, по жалбата на Атлетико Мадрид, УЕФА реши целата ждрепка да се повтори.

Во вториот обид, Кралскиот клуб имаше помалку среќа и за ривал го доби Пари Сен Жермен. Во еден момент од втората ждрепка, многумина помислија дека беше направена уште една грешка затоа што кога беше извлечен Вилјареал, меѓу потенцијалните ривали го немаше Ливерпул, иако тие два тима ниту беа во иста група, ниту се од иста земја.

https://twitter.com/i/status/1470399953197490186

Подоцна беше објаснето дека Ливерпул не можел да се падне со Вилјареал затоа што ако се паднел тој пар, на Интер ќе му останела опција меѓу Јувентус и Реал Мадрид, а и двата пара се невозможни. Интер и Јувентус се од иста земја, а Нераѕурите во групната фаза играа против Реал Мадрид, па едноставно тоа беа невозможни опции.

- Оглас -

Најнови вести