Нема бегање, време е Интер конечно да одигра „икс“ сезонава

Интер е единствениот тим не само во италијанската Серија А, туку и во во Топ 5 лигите во Европа, што во домашното првенство уште нема одиграно нерешено. Во досегашните 14 меча, Нераѕурите имаат девет победи и пет порази, а денеска нивни ривал е Аталанта и тоа на меч кој се игра во Бергамо.

Според многумина, токму овој дуел треба да е идеален за Интер прв пат сезонава да одигра „икс“. Аталанта е ривал кој е на исто ниво со Интер (двата тима имаат по 27 бодови на табелата), а традицијата само дополнително дава храброст дека нерешено е најдобрата опција за овој меч.

Ако се погледне традицијата, на дури пет од последните седум средби меѓу овие два клуба, немало победник. Ремито едноставно им е како најочекувана опција кога на теренот се Аталанта и Интер, па затоа не само што вреди да се следи традицијата во меѓусебните средби, туку и да се заврши низата на Интер како единствен клуб во Топ 5 лигите во Европа што нема нерешено.

ПОСЛЕДНИ СЕДУМ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ НА АТАЛАНТА И ИНТЕР

- Оглас -

Најнови вести