Нема дилеми, ова е УФЦ нокаут на годината, можеби и деценијата (Видео)

Американскиот борец Хоакин Бакли, во борбата против Импа Касанганај изведе потег кој според сите стручњаци за ултимејт фајт, е нокаут на годината, и еден од најатрактивните воопшто во историјата на овој спорт.

На УФЦ Фајт ајленд 5 турнирот во Абу Даби, оваа борба заврши во втората рунда. Бакли се обиде да го удри Касанганај со хај-кик, но Импа му ја фати ногата. Бакли не се збуни, туку со спектакуларно вртење, со нога в лице го удри противникот и тоа беше крај.

Бакли сега има 9 победи во девет борби во средна категорија. За овој потег, Бакли ќе добие и бонус од 50.000 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=eTCXVugKovo

- Оглас -

Најнови вести