Нема крај на маките – Се повреди и третиот клучен играч на Голден стејт

Голем малер владее во редовите на Голден стејт вориорос. Актуелниот вицепрвак во НБА лигата ноќеска претрпе нов пораз, и Сан Антонио им зеде мерка на Воините, а тренерот Стив Кер загуби многу повеќе од самиот меч.

Откако се дозна дека Стеф Кари ќе паузира најмалку три месеци поради скршеница на раката, ноќеска се повреди и еден од најдобрите „олараунд“ кошаркари, Дрејмонд Грин. Грин ги истегна лигаментите на прстот од левата рака, а на прес-конференцијата по мечот со Спарс се појави со бандажирана рака, по што му следува детален преглед да се одреди сериозноста.

„Прстот ми потече, мислам дека во прашање се лигаментите. Повеќе од половина натпревар не можев да играм со левата рака, бев ограничен. Магнетната резонанса ќе покаже што се случува и колку ќе треба да паузирам, но се надевам дека за брзо ќе се вратам на терените“, истакна Грин по поразот од Спарс.

- Оглас -

Најнови вести