Нема крај на проблемите: Барселона загуби еден од главните спонзори

Барселона има нови проблеми, овојпат околу соработката со главниот спонзор „Ракутен“, чие име од 2017 година стои на предната страна од дресовите на каталонскиот гигант. Имено, јапонската компанија за онлајн тргување одлучи да ја прекине соработката за којашто издвојуваше до 55 милиони евра годишно.

Исто така, спонзорскиот натпис „Беко“ од компанијата за бела техника кој стои на ракавот на дресот ќе биде сменет. Иако ова е нов финансиски дебакл за Барселона, наводно претседателот Лапорта има неколку понуди за нови соработки со спонзори и очекува да склучи побогати договори. Една од опциите е да се продадат правата за името на стадионот „Камп ноу“, со цел клубот да добие прилив на средства.

Огромните долгови претходно го оштетија гигантот да го загуби Лионел Меси, поради што финансиите не беа регуларни, па клупската легенда без отштета се пресели во редовите на ПСЖ. Во меѓувреме, се намалуваа платите на останатите фудбалери, како и на оние со највисоки примања, а тоа се капитените Бускетс, Алба, Пике, Роберто.

- Оглас -

Најнови вести