Кога никој не веруваше дека е можно, Шон Стрикленд (31-7) го направи тоа повторно, повторно стана шампион во средба категорија и тоа со победа против сега веќе поранешниот шампион Хамзат Чимаев на кого ова му беше прв пораз во кариерата и сега има биланс 15-1.
Рускиот Чеченец кој настапува знамето на Обединетите Арапски Емирати, важеше за еден од најстрашните борци во УФЦ, но Стрикленд контра сите очекувања, ги издржа ударите на Русинот, па и со скршен нос на крајот после пет исцрпувачки рунди, ја доби победата која му ја доделија судиите.

Овие двајца борби еден месец имаа интензивна вербална војна, но од апсолутна омраза дојде до прегратка после борбата. Чимаев ја прифати одлуката на судиите и дури му го заврза појасот за Стрикленд, кој повторно е крунисан за шампион во средна категорија.
Судиите беа поделени, двајца му дадоа предност од 48-47 на Американецот, а еден имаше 48-47 за Чимаев.

