Нема крај на проблемите во Манчестер јунајтед: Играч побара да си замине од клубот поради „лагите“ на Рангник

Иако се чинеше дека со доаѓањето на Ралф Рангник, Манчестер јунајтед конечно ќе се стабилизира и ќе се врати на старите победнички патеки, сепак тоа не се случува барем на почетокот.

Германецот никако да го стабилизира тимот и речиси секоја недела излегува голем проблем, дали тоа е резултатски или пак на играчки план.

Голманот на овој тим, Дин Хендерсон, побарал да биде продаден бидејќи тренерот Рангник му ветил дека ќе брани на куп-натпреварувањата, но и дека не го испочитувал кажаното.

Давид де Хеа застана меѓу стативите на средбата против Астон вила во понеделникот, а тоа многу го изнервирал вториот голман во тимот, којшто сега бара да биде продаден во друг тим, каде што ќе има поголема минутажа.

- Оглас -

Најнови вести