Екипата на Евертон последните неколку сезони е во голема финансиска криза, пред се поради проблемите во кои западнаа во сезоната 2021/22. Токму таа проблематична сезона им донесе казна од одземање на 10 бода поради кршење на финансискиот фер-плеј, која дополнително беше намалена на шест, па Евертон успеа да побегне од дното на табелата, но има само пет поени предност од опасната зона.
Сега има се закануваат нови проблеми. Екипите на Барнли, Лидс, Лестер, Нотингем форест и Саутемптон најавуваат тужба, бидејќи противникот, во случајов Евертон, се стекнал со спортска предност прекршувајќи ги финансиските правила. Тие бараат обесштетување од 100 милиони фунти, односно околу 116 милиони евра.
Доколку клубовите ја добијат тужбата, тоа ќе значи дополнителен финансиски проблем за „карамелите“, кои и така имаат голема мака да обезбедат финансии и да се задржат во рамки на финансискиот фер-плеј.