Нема ни 17 години, го споредуваат со Меси, а синоќа дебитираше за А тимот на Италија!

Симоне Пафунди, кој синоќа заигра за репрезентацијата на Италија само со 16 години, 8 месеци и два дена (или вкупно 247 дена), стана најмладиот дебитант на Аѕурите во последните 111 години.

Пафунди, кој е играч на Удинезе и има играно 22 минути во Серија А, роден е во 2006 година, а синоќа во Тирана влезе во 90-тата минута на пријателскиот меч со Албанија.

Повикот во сениорскиот тим го заслужи со четирите гола на пет меча за селекцијата на Италија за играчи до 17 години. Поради карактеристиките, Пафунди го споредуваат со Лионел Меси, а договорот со Удинезе му е до 2025 година.

Најмлад играч кој заиграл за Италија останува Пјетро Антонио Гавинели, кој имал 16 години и 97 дена кога во далечната 1911 година заиграл на меч против Франција.

- Оглас -

Најнови вести