Нема подобар начин за сефте гол во новата година – Самурајот на Картагења со ножички ги претрка секундите (Видео)

Шинџи Оказаки го постигна својот прв гол во 2022 година за шпанскиот второлигаш Картагења, и тоа на брилијантен начин во последните секунди со удар со ножички против Малага.

Јапонецот, кој учествуваше во подвигот на Лестер и титулата во Англија во 2016 година, сега е член на шпанскиот второлигаш и вчера му донесе еден бод со прекрасен гол во 95-тата минута.

Малага водеше со 1:0 сè до последните моменти, но не победи поради прекрасниот гол на ветеранот, кој ќе полни 36 години идниот месец.

Оказаки е еден од најпознатите активни јапонски фудбалери и трет стрелец во историјата на неговата репрезентација.

Играше за Бундеслигашите Мајнц и Штутгарт, а потоа со Лестер стигна до подвиг, кога сосема неочекувано Лисиците ја освоија првата титула во Премиер лигата во 2016 година.

За Јапонија има одиграно 119 натпревари со 50 постигнати голови.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести