Се степаа Викинзите од Ставангер – Голманот доби шамар, тепачот е од иста и веднаш беше исклучен (Видео)

Чудна ситуација имаше на мечот меѓу Кристијансунд и Викинг, денеска на меч од норвешкото првенство, а се степаа голманот на гостите Патрик Гунарсон и стоперот Давид Брекало.

Инцидентот што е по малку и комичен се случи во последните секунди од мечот што го доби Викинг со 3:2.

Исландскиот репрезентативен голман Гунарсон збесна и тргна во пресметка со својот стопер Брекало, па доби шамар. Судијата веднаш реагираше и ја прекина тепачката меѓу Викинзите од Ставангер и го исклучи Брекало.

https://twitter.com/butska1/status/1465017386415923209?s=20

Викинг успеа да издржи во последните секунди и да не прими гол, па тепачката не им ја загрози победата што ги зацврсти на третото место во норвешкото првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести