Нема поголем мотив од ова: Прославената глумица подготвува „награда“ за тој што ќе даде гол против Чиле

Чиле и Перу од 2:30 часот по полноќ ќе играат во меч кој треба да го даде вториот финалист на Копа Америка. Чиле е во улога на бранител, но Перу воопшто не размислува да се предаде предвреме. Иако ќе бидат во улога на аутсајдери, фудбалерите на Перу добија дополнителен мотив за го поминат актуелниот првак.

Прославената перуанска глумица Стефани Кајо даде јавно ветување дека ќе го бакне оној фудбалер кој ќе постигне гол за победа против Чиле. „Најсериозно размислувам да го бакнам тој што ќе биде заслужен за победа против Чиле. Секако, тоа би го направила само со дозвола од него“, напиша убавата Кајо.

„Наградата“ е понудена, сега останува да видиме колку ќе успеат играчите на Перу да бидат дополнително мотивирани за победа против Чиле.

https://www.instagram.com/p/ByBCxU6jIOT/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BrqVChvD85q/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BvCkcCVjmVr/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести