Драма на месецот во Ла Лига – Историска победа на Кадис со гол во 27-ма секунда и со последен шут на мечот

Рубен Собрино е јунакот на Кадис со победнички гол во последната секунда и прв историски триумф во меѓусебните дуели со Атлетико Мадрид.

Собрино погоди и буквално во последната секунда и во 13-от меѓусебен меч Кадис славеше со 3:2 и првпат го надигра тимот од Мадрид.

Досега на 12 меча Јорганџиите победија 7 пати, а пет дуели завршија нерешено.

Претходно со најбрзиот погодок што го прими Атлетико во последните 19 години, Кадис поведе со 1:0.

Тео Бонгонда погоди за само 27 секунди во драматичен меч, веројатно и највозбудлив во Ла Лига сезонава.

Тоа е најбрзиот гол што Атлетико го примил во последните 19 години, а претходно најбрз погодок им даде Кристијано Роналдо во 2003 година за само 13 секунди на меч со Реал Мадрид.

Во 81. минута и Алекс Фернандес погоди, па Кадис со предност од 2:0 имаше уникатна шанса да ја прекине црната серија против Атлетико.

Никогаш досега во 12 меча во Ла Лига не го победиле Атлетико, а им успеа во невиден финиш.

Во 85. минута Ернандес си даде автогол за 2:1, а на 2:2 израмни Жоао Феликс по само 240 секунди.

Сепак реми немаше и победи Кадис со последен гол на мечот на Собрино во 99. минута, што беше потврден и со ВАР системот.

 

- Оглас -

Најнови вести