Нема посигурен „кец“ за денеска: Кошмарот на Ливерпул ќе заврши против Фулам

1009 Ливерпул – Фулам (15 ч.)

Англискиот првак испиша негативна историја откако пет меча по ред ги загуби на својот „Енфилд Роуд“ во првенството. Никогаш во повеќе од 100 години претходно Ливерпул немал пет порази едно по друго на свој терен, што само кажува колку е лош овој резултат за тимот на Јирген Клоп.

Во тие пет меча на кои загуби, Ливерпул даде само еден гол.За тоа колку е лоша низата на шампионот покажува и податокот дека последен пат дома се радуваа на победа на 16 декември минатата година против Тотенхем (2:1), што значи дека речиси три месеци поминаа без победа.

Фулам е противник како по мерка затоа што Ливерпул има шест победи и едно реми во последните седум меѓусебни средби. За гостите од Лондон надеж е фактот дека пет средби на гости немаат пораз во Премиер лигата, но сепак, денеска ќе загубат.

Предлог тип: 1-1 (2.11)

 

3006 Верона – Милан (15 ч.)

Во последните четири кола Милан освои само четири бодови, па затоа Росонерите полека го губат чекорот со лидерот Интер (заостануваат шест бода). Тимот на Стефано Пиоли е со најдобар биланс на гости (10 победи, едно реми и само еден пораз), па очекувањата се дека и денеска ќе се освојат трите бода на гостувањето кај Верона.

Верона е тим кој сезонава покажа дека може да ги изнеади големите фаворити, па сигурно домаќините нема да се предадат превреме.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.83)

 

1308 Реал Сосиедад – Леванте (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се експерти за да одиграат нерешено, но овојпат очекуваме да има победник и тоа да биде домаќинот. Сосиедад дома игра сигурно, одбраната е добра, па треба да се снајдат против Леванте.

Гостите се „скршени“ откако пред три дена на свој терен, по 120 минути игра загубија од Атлетик Билбао со 2:1 и не успеаа да се пласираат во финалето на Купот.

Тоа што е интересно за дуелите на овие два тима е дека голови треба да очекуваме. На последните пет дуели секогаш било гол-гол, а седум од осумте последни средби завршувале со 2-3 погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (2.07)

 

1637 Ситард – ПСВ (14:30 ч.)

ПСВ е најголем ривал на лидерот Ајакс и ако сака гигантот од Ајндховен да остане во трка за титулата, денеска мора да победи. Ситард им е противник како по мерка, посебно ако се знае дека ПСВ победил на последните шест меѓусебни дуели, а на пет воопшто нема примено ни гол.

Гостите во просек даваат повеќе од два гола на меч, но и примаат барем по еден, па може да се олекуваат барем три погодоци.

Предлог тип: 2 &3+ (2.12)

 

3206 Спартак Москва – Краснодар (17 ч.)

До пред три кола, Спартак беше лидер во руското првенство, а сега веќе има седум бода зад првопласираниот Зенит. тимот кој нареди три порази по ред, време е да се „разбуди“ и да почне повторно да победува. Краснодар е солиден ривал, но игра слабо на гости и претрпе четири порази во низа на туѓ терен.

За Спартак ова е можност да се врати самотовербата во екипата која повторно треба да се приклучи во трка за шампионскиот пехар.

Предлог тип: 1 (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести