Нема шанса да го познаете славниот навивач на Манчестер јунајтед

Триумфалната низа на Манчестер јунајтед придонесе многу „скриени“ фанови на славниот клуб да почнат јавно да кажуваат дека всушност секогаш навивале за „црвените ѓаволи“, а еден од нив е и борецот Конор Мекгрегор.

Ирецот е воодушевен од игрите и резултатите на Јунајтед откако тренерското кормило го презеде Оле Гунар Солскјер, па после синоќешната победа над Арсенал во ФА купот, реши на социјалните мрежи да објави слика од детството на која позира во дрес на Манчестер јунајтед.

„Солскјер е посебен човек. Супер замена на Манчестер јунајтед, играч, менаџер. Лудило. Можете да ја почувствувате страста која ја има за овој клуб и неговата историја. Полн е со гордост, и сега им објаснува на сите клубови што научил. Браво“ – напиша Мекгрегор на „Твитер“, кој сивиот ретро дрес го има купено кога имал 8 години.

- Оглас -

Најнови вести