Нема веќе дилеми – Алиоски се враќа во Европа, идната недела потпишува за турскиот првак

Езџан Алиоски и Трабзонспор се договорија за меѓусебна соработка и македонскито репрезентативец же биде нов член на турскиот првак со кого ќе има шанса да игра и во Лигата на шампионите.

По едногодишна авантура во Саудиска Арабија и настапи за Ал Ахли, Алиоски одлучи да се врати во Европа.

Трабзонспор беше заинтересиран за нашиот репрезентативец и пред тој да замине во Ал Ахли, а сега ќе си ја оствари желбата и Алиоски ќе пристигне во редовите на новиот шампион на Турција.

Медицинските прегледи ќе бидат на крајот на оваа седмица, а на почетокот на идната недела Алиоски треба да потпише договор со Трабзонспор.

Клубот ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите и Езџан за првпат во кариерата ќе има шанса за настап во луксузната лига.

 

- Оглас -

Најнови вести