Немаат пораз во Премиер лигата дури 12 кола, а сега над 70 отсто од прогнозерите очекуваат да загубат

Екипата на Брентфорд е во одлична низа од 12 меча без пораз во Премиер лигата. Тимот игра одлично и во последните четири и пол месеци е во серија од шест победи и шест нерешени, без ниту еден пораз.

Во следното коло Брентфорд гостува кај Евертон, а играчите на Спортска прогноза немаат многу верба во гостинскиот тим кој е со најдолга низа без пораз во Премиер лигата.  Преку 70 отсто од прогнозерите очекуваат победа на Евертон, па ќе биде интересно дали ќе бидт во право со играње противн екипата која е во одлична форма.

Освен овој меч, во понудата од ова коло има уште 12 интересни парови, а секако основна цел на секој играч е да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди сите 13 парови во понудата на средби од Топ 5 лигите.

Како и во секое коло, примамливи се подароците за најдобрите. Со перфектна низа од 13 погодени парови, прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). За 12 погодени следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодени ваучерот е 500 денари.

Спортска прогноза е бесплатна игра и токму затоа вреди да се одигра.

- Оглас -

Најнови вести