Немало вакво коло на Спортска прогноза, дури 60 отсто очекуваат Барселона да не победи!

Повеќе од 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите типови за 25-тото коло на Спортска прогноза. Тоа што досега е карактеристично е дека дојде време да се загуби довербата во Барселона. Каталонскиот гигант гостува кај Севилја, а само 40 отсто веруваат дека гостите може да победат, што е мал процент за тим како Барселона.

Освен ова дерби во Шпанија, на понудата има уште неколку интересни дерби-дуели. Порто е домаќин на Спортинг Лисабон, а само 10 отсто очекуваат триумф на гостите. ПСВ го пречекува Ајакс, а гостите се фаворити. Во Англија играат Челзи и Манчестер јунајтед. Лондонскиот тим е прероден со доаѓањето на Томас Тухел за тренер и нема пораз.

Ќе биде интересно да се види како ќе се снајде Милан на гости во Рим против Рома, а француското дерби е меѓу Олимпик Марсеј и Олимпик Лион.

Целта на прогнозерите е да се стигне до Среќна 13-ка, која ја носи и главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 11“. И со 12 и со 11 погодоци има подароци. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека за 11 погодоци следува вредносен ваучер од 500 денари.

Не чекајте, искористете ја вашата Sport Life картичка и одиграјте ја бесплатната игра.

- Оглас -

Најнови вести