Немаше голови, но имаше шоу: Винисиус со велемајсторски потег, подоцна доби и лекција (Видео)

Дуелот помеѓу Аргентина и Бразил заврши 0-0, Аргентинците ја исполнија целта и обезбедија пласман на Мундијалот во Катар, но мечот изобилуваше со атрактивни потези кои ја забавуваа публиката.

Во шоуто предничеше Бразилецот Винисиус. Ѕвездата на Реал Мадрид е во форма, а селекторот Тите прво не сакаше да го викне во националниот тим, па го повика откако се повреди Фирмино.

Вини со мајсторски дриблинг, кој ретко се гледа на официјални натпревари, се ослободи од Молина:

Сепак, подоцна Бразилецот беше „жртва“ кога Аргентинецот Ди Марија феноменално му ја протна топката меѓу нозе и на некој начин изедначи на 1-1 во супер потези:

- Оглас -

Најнови вести