Немаше голови, но затоа Мурињо и Спалети заработија црвени картони

Рома и Наполи одиграа без голови на „Олимпико“ во Рим, а очигледно дека и двете екипи не се задоволни од овој резултат. Ова станува јасно ако се знае дека тренерите на двата тима заработија црвени картони.

Жозе Мурињо беше исклучен во 82 минута кога доби втор жолт картон (првиот го доби во првото полувреме) и мораше да си замине од клупата.

По завршување на мечот, стратегот на гостите, Лучано Спалети нешто му префрли на главниот судија Давиде Маса, па и тренерот на Наполи доби црвен картон.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 20 минути за Наполи, а имаше и една шанса, која за жал не ја претвори во погодок. Со ова реми Наполи ја прекина перфектната низа во домашното првенство, но останува прв без пораз со 25 бода, колку што сега има и Милан. Рома досега освои 16 бодови од девет меча.

- Оглас -

Најнови вести