Немаше голови, ниту публика, ниту ТВ-пренос, а во ложата Џани Инфантино

Северна Кореја го запре соседот Јужна Кореја на 0-0 во меч од квалификациите за СП 2022, а иако стадионот „Ким Ил Сунг“ во Пјонгјанг има 50.000 седишта, на трибините немаше никој бидејќи се плашеле дека евентуален пораз може да има негативно влијание врз популарноста на лидерот Ким Џонг Ил.

Немаше ниту новинари, но според информациите, во ложата требаше да седи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој е во главниот град на оваа азиска земја и беше сликан на аеродромот.

За Јужна Кореја ова беше прво гостување кај Северот по 29 години и, за среќа, немаше никакви инциденти. Јужњаците не заминаа директно во Пјонгјанг по копнен пат, туку летаа прво до Пекинг, каде што бараа дозвола да може да заминат во Северна Кореја.

Од мечот нема снимка, немаше ниту „акција по акција“ пренос на интернет. Има информација дека четворица играчи, по двајца од двата тима, добиле жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести