Немоќ се почувствува кај Симеоне: Нè надиграа во секој аспект

Лајпциг во својата кратка, но успешна клупска историја ќе додаде прв пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Црвените бикови го елиминираа фаворитот Атлетико Мадрид во тој дуел, а начинот на којшто го сторија тоа го натера Диего Симеоне да признае колку бил немоќен.

„Нè надиграа во секој аспект. Многу тешко ни беше да го држиме чекорот со Лајпциг. Навистина беа добро подготвени за овој меч и го покажаа тоа на теренот. Беа свежи, за разлика од нас и тоа не чинеше пораз, но морам да им честитам за успехот. Нам ни беше многу тешко да воспоставиме ритам кој ни одговара. Имавме 60 дена пауза, а потоа одигравме 11 натпревари за краток период. Тешко на таков начин да се одржи натпреварувачка форма на високо ниво“, истакна Симеоне.

На аргентинскиот стратег првпат во кариерата му се случи да биде елиминиран од тим кој не се вика Реал Мадрид или пак од тим во којшто не игра Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести