Неочекуван проблем: Шериф досега заработи 25 милиони евра од УЕФА, но не може да ги добие парите

Екипата на Шериф Тираспољ е сензационалното изненадување во Лигата на шампиони сезонава. Молдавскиот првак за прв пат во историјата се избори за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, откао во квалификациите ги исфрли Црвена ѕвезда и Динамо Загреб.

Сега тие победи над балканските екипи не беа случајни се покажа и по првите две кола во групната фаза. Шериф најпрво го победи Шахтар, а потоа направи и сензација откако со 2:1 славеше над Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Во третото коло Периф загуби од Интер во Милано, но остана на првото место во групата.

Од досегашните мечеви во ЛШ, Шериф заработи 25 милиони евра, пари кои ги дава УЕФА. Сепак, молдавскиот тим не може да ги добие овие финансиски средства, затоа што немаат дозвола да отворат девизна сметка, па УЕФА нема како да им ги префрли парите.

Молдавските банки одбиваат да работат со девизни средства, па челниците на клубот реагираа до највисоките државни инстанци. Проблемот стигнал директно до премиерката и се очекува набрзо да се реши оваа неочекувана ситуација, па Шериф да ги добие заработените пари.

Молдавија од 2009 година е под најстрог надзор од Меѓународните банкарски институции, откако од сметките во трите национални банки мистериозно исчезнаа повеќе од една милијарда долари и уште овој случај не е решен.

 

- Оглас -

Најнови вести