Неповторливо е тоа што го сторија Јапонците – Не ја пипнаа топката и ги победија и Германците и Шпанците (Фото)

Јапонија приреди два неверојатни подвига со победи со пресврт против Германија и Шпанија, а притоа беше апсолутно инфериорна репрезентација и на двата меча имаше многу помал посед на топката од двата гиганти.

Во првото коло против Германците ја имаа топката в нозе само 26 отсто и сепак победија со 2:1, а вчеравечер во последното коло во фазата по групи беа уште послаби во тој сегмент.

Пресметано е дека против Шпанија имаа посед на топката од 17,7 отсто, што е најнизок процент во историјата на Светските првенства за победник на меч.

И повторно и против Црвената фурија губеа со 0:1 по првото полувреме и потоа победија со 2:1.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1598429236733288473?s=20&t=LVmNkLjf4-2iEkm2KXI5wg

Самураите со шест бода го освоија првото место во Е групата и во осминафиналето на 5 декември од 16 часот ќе играат против Хрватска.

Шпанија како второпласирана од Е групата за ривал во првиот сегмент од нокаут-фазата ќе го има Мароко. Тој меч ќе се игра исто така од 16 часот, но на 6 декември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести