Неправда! Дончиќ доби 4 милиони гласови, а не е во стартната петорка на Олстарот

Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ги добија улогите да бидат капитени на двата тима за Олстар мечот кој на 17-ти февруари ќе биде во Шарлот. Џејмс и Адетокумбо  добија најмногу гласови во гласањето кое беше во три дела. Навивачите со своите гласови даваат 50 проценти од гласовите, а се сметаат и по 25 проценти гласови од медиумите во САД и од играчите во НБА-лигата. Во еден ваков систем на гласање, најмногу загуби дебитантот Лука Дончиќ.

Тинејџерот од Словенија има фантастича прва сезона во НБА-лигата, а тоа знаат да го ценат навивачите. Дончиќ доби повеќе од четири милиони гласови и беше на второ место, веднаш зад Џејмс. Сепак, во изборот на медиумите и играчите во НБА, Лука беше „заборавен“. Во изборот на играчите, Дончиќ беше ставен дури на осмото место, а медиумите го поставија на шестото место, па Словенецот едноставно извиси и не доби шанса да биде во стартниот тим на Олстарот.

https://twitter.com/SanjaModric/status/1088684782618374144

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести