Неприкосновената Барти загуби само два гема, гази и Серена

Ешли Барти на патот кон четвртото коло на Вимблдон загби само два гема, во победата од 2-0 во сетови (6-1, 6-1) над Хариет Дарт. Моментално најдобрата светска тенисерка воопшто немаше мака и за помалку од еден час ја реши средбата, а во следното коло ќе се соочи со Алисон Риске.

Инаку, Барти е првата тенисерка од Австралија која успева да се пласира во осминафиналето од Вимблдон за првпат по девет години.

Лесен триумф издвои и Серена Вилијамс. Најтрофејната тенисерка со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) славеше над Германката Џулија Џорџес, а во осминафиналето закажа дуел со Карла Суарес-Наваро.

Серена во репризата од минатогодишното полуфинале, повторно беше подобра по два сета.

- Оглас -

Најнови вести