Нереди во Франкфурт, повредени повеќе од 50 полицајци во тепачките со навивачите на Ајнтрахт (Видео)

Повеќе од 50 полицајци се повредени во саботата по тепачките со навивачите во Франкфурт непосредно пред мечот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт. Покрај полицајците, повредени биле и луѓе од обезбедувањето на стадионот во Франкфурт.

Нередите започнале 45 минути пред почетокот на мечот од 12-то коло во Бундеслигата кое му припадна на Штутгарт (2:1), кога домашните навивачи ги нападнале редарите кои вршеле контрола на влезот на стадионот кој бил резервиран за домашните навивачи.

https://twitter.com/i/status/1728473147991630199

Потоа на навивачите им се приклучиле и останатите фанови кои веќе биле на трибините поради што морала да интервенира полицијата.

По смирување на нередите, мечот беше одигран пред речиси празна трибина која беше резервирана за домашните фанови.

https://twitter.com/i/status/1728473456872763473

 

 

- Оглас -

Најнови вести