Несекојдневно: Руски тенисер се скара со сопругата за време на меч! (Видео)

Данил Медведев е елиминиран од „Ролан Гарос“ уште во првото коло. Осмиот тенисер во светот беше поразен од Австралиецот Адам Волтон со 3:2 во сетови, а мечот го одбележа и интересна расправија меѓу Русинот и неговата сопруга.

Во еден момент Данил се пожали на големата жештина во Париз, а таа му одговори:

„На сите ни е жешко, на сите ни е тешко. Однесувај се пристојно.“

Одговорот стигна веднаш:

„Кога ќе почнам да ја удирам топката во теренот, тогаш убаво ќе се однесувам.“

Оваа сцена се случи за време на првиот сет. Уште од стартот Медведев не изгледаше добро и беше јасно дека е на чекор од нов неочекуван пораз.

На крајот Адам Волтон успеа да слави со 3:2. По сетови беше 6:2, 1:6, 6:1, 1:6 и 6:4, па осмиот тенисер во светот го заврши настапот уште на стартот на турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести