Нешвил на прошетка во Колорадо, шампионот се снајде со „пингвините“

Нешвил предаторс триумфираа на гости кај Колорадо аваленш со конечни 4-1 за 12-та овосезонска победа. Со оваа победа, тимот на Нешвил направи сигурна разлика од пет бода на врвот во однос на „ајкулите“ од Сан Хозе во Западната конференција.

Симонс е херојот на вечерта за гостите со својот хет-трик, благодарение на неговите голови, Нешвил во последниот период влезе со предност од 3-1, а Хартман на три минути до крајот ги реши сите дилеми.

Актуелниот првак на НХЛ, тимот на Вашингтон капитолс, со 2-1 беше подобар од Питсбург пингвинс. Кросби по првата третина, донесе водство за гостите, а Овечкин потоа изедначи на 1-1,  па така, со својот 235-ти погодок се искачи на осмата позиција на вечната листа на стрелците кои постигнувале голови во ситуации кога имале играч повеќе на мразот.

На една и пол минута до крајот, Вашингтон направи пресврт од 2-1 и му го нанесе петтиот пораз во низа на Питсбург.

Во последната средба ноќеска, Анахејм дакс со 3-2 беа подори од Калгари флејмс.

- Оглас -

Најнови вести