Ливерпул по вторпат за неколку дена победи минимално со 1:0 на „Енфилд роуд“, а овојпат се радуваа против Вест хем. Нуњес го даде голот вреден победа за Ливерпул, но вистински херој на домаќините е голманот Алисон, кој одбрани пенал на гостите.
Во финишот на првото полувреме беше досуден пенал за Вест хем, а судијата гледаше ВАР-снимка за да биде сигурен дека ја донел вистинската одлука. Додека се чекаше потврда за пеналот, дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, искористи момент да направи еден неспортски потег.
Ван Дајк со копачката почна да копа точно на местото каде што е белата точка. односно од каде што треба да се шутира пеналот.
https://twitter.com/i/status/1582816729285025792
Боувен ја презеде одговорноста да го шутира ударот од 11 метри, но Алисон го одбрани неговиот удар, па резултатот остана 1:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
VVD MY HERO pic.twitter.com/f4LGiU9oPb
— CF Comps (@CF_Compss) October 19, 2022