31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Несреќно деби на Чурлинов во Барнли

Дарко Чурлинов првпат заигра за Барнли во англискиот Чемпионшип, но мечот со Блекпул нема да го памети по добро, освен по тоа дека му бил деби во новиот клуб.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 72-ра минута на местото на двојниот стрелец Тела, кога Барнли водеше со комотни 3-1, но само две минути подоцна Блекпул намали на 2-3, а веќе во 77-ма беше 3-3, резултат со кој и заврши средбата. Барнли во првите пет кола сезонава, има три нерешени резултати.

 

- Оглас -

Најнови вести