Неста доби отказ, на негово место доаѓа друг светски шампион

Италијанскиот второлигаш Фросиноне го отпушти тренерот Алесандро Неста. Еден од најдобрите италијански дефанзивци, од 2019 година беше на клупата на Фросиноне, а лани пропушти шанса да го врати клубот во Серија А.

Сезонава, по 30 одиграни меча, Фросиноне има освоено 38 бодови и е далеку од борба за влез во Серија А, но и речиси сигурен дека нема да испадне.  На последните седум меча Фросиноне се израдува само на една победа и токму слабите резултати се причина за отказот на Неста.

На местото на Неста, на клупата на Фросиноне веднаш беше наименуван Фабио Гросо, поранешен соиграч на Алесандро од шампионската генерација која со Италија ја освоија светската титула на Мундијалот во 2006 година.

Гросо претходно има работено во младите категории на Јувентус, потоа во екипите на Бари, Верона, Бреша и швајцарски Сион.

 

- Оглас -

Најнови вести