Илија Несторовски без проблем го одработи утринскиот тренинг со соиграчите од македонската репрезентација, а потоа за секој случај и како метод на дополнителна рехабилитација си носи облог од мраз на десната нога.
Популарниот Нестор-гол имаше пауза во Серија Б поради повреда, и не играше од средината на декември лани до почетокот на февруари оваа година. Сега тоа е минато, но за секој случај мразот е тука за да не дојде до несакан развој на настаните.
Се очекува шпицот на Палермо да го предводи нашиот напад на двата квалификациски јунски натпревари против Полска на седми и три дена подоцна против Австрија, во обидот да ги прегрмиме тешките искушенија и Македонија да остане во трката за пласман на ЕП 2020 година.