Нестор: Не сум старомоден напаѓач, Удинезе ми е чекор напред во кариерата

Илија Несторовски на денешното официјално претставување како фудбалер на Удинезе, пред италијанските новинари кажа дека добро се снаоѓа во новата средина и дека трансферот во овокј клубот од Серија А е чекор напред за него.

„На почеток, би сакал да ги поздравам сите навивачи на Удинезе. Да се биде член на овој клуб, за мене е голема чест, и чекор напред во кариерата. Се надевам дека со моите игри ќе му се оддолжам на клубот за довербата која ја имаа во мене. Добро сум запознат со новата средина, познато ми е сè во врска со Удинезе, бидејќи живеам за фудбалот и следам сè. Со новите соиграчи од нападот добро се сложуваме, мислам дека пред нас е една успешна сезона. Кога ми се јавија од Удинезе, веднаш прифатив да дојдам“ – рече Несторовски, кој дојде од Палермо, а во Удинезе ќе го носи дресот со бројот 30 и веќе даде два гола на еден пријателски меч.

Несторовски не мисли за себе дека е старомоден напаѓач.

„Не сум старомоден напаѓач, знам да играм со топката, дава голови, но и помагам во средината и асистирам. Тренерот Тудор ми рече да тренирам напорно, знам што се бара од мене. Младите напаѓачи знаат често да промашуваат чисти шанси, а потоа кога ќе стекнат искуство, се посмирени и поопасни. Од тактиката на тренерот зависи дали ќе ме остава сам во нападот, или со уште еден“ – додаде Несторовски.

Во првото коло од Серија А, на 25 август Удинезе ќе го пречека Милан.

- Оглас -

Најнови вести