Несторовски даде победнички гол за Удинезе (Видео)

Илија Несторовски е стрелец на единствениот гол за победа на Удинезе против Фиорентина, во 24. коло на Серија А. Македонскиот репрезентативен напаѓач беше стартер и се најде на вистинското место во 86 минута кога со глава го матираше гостинскиот голман.

На крајот, тој погодок на популарниот Нестор-гол се покажа како клучен за три бода на Удинезе, тим кој сега скокна на 12 место на табелата со 28 бодови. За Несторовски ова е втор погодок сезонава во Серија А. Претходно има погодено и во декември на гостувањето кај Торино во победата од 3:2.

https://youtu.be/GeGHaRQ0LoQ

Вториот македонски репрезентативец, Горан Пандев ги одигра последните 30 минути за Џенова на гостувањето кај Интер. Џенова немаше сила да се спротистави на лидерот во Серија А и загуби со 3:0.

Во останатите денешни мечеви во Серија А: Сампдорија – Аталанта 0:2 и Кротоне – Калјари 0:2. Попладнево играат Наполи – Беневенто, а вечерва е дербито меѓу Рома и Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести