Несторовски ја грее клупата, Удинезе губи бодови

Удинезе продолжи со лошата форма и по гостувањето кај Верона во мечот кој се одигра во рамките на петтото коло во Серија А. Зебрите ремизираа без голови против Верона, а македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не доби шанса да му помогне на тимот.

Удинезе по минималната победа над Милан, нареди три порази и ова реми, па затоа е при дното на табелата само со четири бода по пет меча. Несторовски во претходното коло запиша само шест минути и главно влегува од клупата, па Македонецот и натаму го чека првенецот во редовите на калчолигашот.

 

- Оглас -

Најнови вести